Патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, на улица „Шар планина“ во Скопје излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., соопшти МВР.
Случајот синоќа, од 21:30 до 22:00 часот, бил пријавен во СВР Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.