Хроника Билтен на МВР

ТРАГЕДИЈА: Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

На 18.12.2024 во 00:51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).

При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.

To top