На 14.12.2024 во 19.05 часот во СВР Велес било пријавено дека околу 18.50 часот настанал пожар во куќа на ул.„Љубен Весов“ во Велес.
Притоа, од здобиените повреди и изгореници на местото починал сопственикот Д.М.(64) од Велес.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.