Хроника СВР Охрид

Тинејџери од Скопје фатени со дрога во Охрид, добија притвор

На пријавените им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тинејџери од Скопје фатени со дрога во Охрид, добија притвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(18), К.С.(20), Т.М.(19), А.С.(18) и Д.А.(19) сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 22.07.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле амфетамин, таблета MDMA, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

На пријавените им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

To top