Хроника Го признале делото

Тинејџери од Битола запалиле кафемат, но пламенот не останал само таму

Во разговорот тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тинејџери од Битола запалиле кафемат, но пламенот не останал само таму

Денеска (07.11.2023) во Полициската станица Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршиле службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник, сите од Битола.

Тие се сомничат дека на 03.11.2023 околу 00:13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети.

Во разговорот тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top