На 17.02.2024 во 03:10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:30 часот со пиштол во рака влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.
Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.