На 02.01.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ц.(19) од Скопје.
Според пријавеното, околу 19:45 чaсот кај место викано „Пеленица“ во населба Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.И.(20) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.