Триесетгодишна тетовка, вчера (6 февруари) во 9 часот во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот брат И.К.(36) физички ја нападнал.
-Според пријавата, тој заедно со нејзините родители и ги одзеле личните документи, поради што таа не била во можност да се врати во Франција каде била омажена и престојувала, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.