Хроника

Тетовец зел над 10.000 евра за гелендери кои требало да се монтираат во Австрија, а не ги испорачал

Тетовец зел над 10.000 евра за гелендери кои требало да се монтираат во Австрија, а не ги испорачал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(34) од Тетово и правно лице од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“, информираат од полицијата.

На 11.05. и 12.05.2023, пријавениот во име на правното лице, сопственост на неговата сопруга, со две лица од Куманово склучил договори за купопродажба и монтажа на гелендери, кои требало да се монтираат во куќи во Австрија, за што лицата му дале 9.800 евра депозит, а на трансакциска сметка му биле префрлени уште 2.000 евра, но тој не ја однел нарачката и не постапил согласно договорот, соопшти МВР.

To top