На 28.06.2024 во 18.28 часот во Полициското одделение Македонска Каменица од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Н.С.(23) со тешки телесни повреди, со кои се здобил додека извршувал работни задачи во рудник во Македонска Каменица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.