Хроника Тешки повреди

Тешко повредена жена, во неа удрил автомобил

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Тешко повредена жена, во неа удрил автомобил

На 10.11.2023 во 19:40 часот на регионалниот пат Р-1206 Гостивар-с.Градец, патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(40) од с.Градец, гостиварско, удрило во Ј.Б.(38) од с.Градец.

По несреќата Ј.Б. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

To top