Познати Свадба

Аце од Либеро бенд се ожени со пијанистката Јована: Свадба македонска, убавина безвременска

Прекрасните младенци со своите најблиски денес направија магичен ден. Детската љубов која ја започнаа пред цели 12 години, денес ја крунисаа со брак.

Аце од Либеро бенд се ожени со пијанистката Јована: Свадба македонска, убавина безвременска

Свадба македонска, славење на долгогодишна љубов, судбоносно ДА на македонската музичка сцена.

Басистот од Либеро бенд, Александар Темелковски денес се ожени со пијанистката Јована Трајчева.

Прекрасните младенци со своите најблиски денес направија магичен ден. Детската љубов која ја започнаа пред цели 12 години, денес ја крунисаа со брак.

На вечна љубов се заколнаа во Соборниот храм во Скопје, а забавата ја направија во познат скопски ресторан.

Додека музичарот од Либеро бенд се женеше, за музичкиот дел беа задолжени Маестро бенд.

Редакцијата на Курир им посакува вечна љубов на Аце и Јована.

To top