Хроника скопје

Тешко повредена млада жена откако била удрена од автомобил

Тешко повредена млада жена откако била удрена од автомобил

На 21.03.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Трпковски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(44) од Скопје, удрило во А.Ц.(24) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top