На 24.10.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Р.У.(75) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.