На 10.06.2024 во 15:26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 07.06.2024 околу 21:30 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.И.(25) удрило во електричен тротинет управуван од малолетник, двајцата од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клинички центар Тетово.
По насоки на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.