На 04.08.2024 во 00.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р1403, помеѓу селата Подареш и Калугерица, радовишко, малолетно лице од село Калугерица управувајќи мопед „хонда“ без регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало надвор од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш, стои во соопштението на МВР.