Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во Грција во близина на граничниот премин Евзони, едно лице загина, додека петмина се полесно повредени.
Несреќата се случила на 3-тиот километар од националниот автопат Евзони – Поликастро, во областа на Кукуш, пренесува Прототема.
Според соопштението од локалната полиција, несреќата се случила околу 4:25 часот наутро, кога две патнички возила се судриле.