Хроника Известен бил јавен обвинител

Тепачка во виничко: Три жени нападнале сосетки, употребиле тврди предмети

Тепачка во виничко: Три жени нападнале сосетки, употребиле тврди предмети

Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера попладне ги лишиле од слобода М.А.(63), А.А.(41) и Д.А.(33), сите женски лица од с.Трсино, виничко.

Полицијата, информира МВР, постапила по претходна пријава дека на 03.03.2024 околу 16.30 часот физички ги нападнале нивните сосетки С.А.(58) и М.А.(31), при што употребиле и тврди предмети.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

To top