На 05.08.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода В.П.(66) од село Будинарци, беровско, поради основано сомнение дека околу 19.00 часот во с.Будинарци физички нападнал малолетник од село Смојмирово, беровско, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.