На 19.10.2024 година во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село, поради тоа што претходниот ден (18.10.) околу 22.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет, информира МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.