Хроника

Татко и син се степале во Куманово, двајцата со повреди пренесени во болница

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Татко и син се степале во Куманово, двајцата со повреди пренесени во болница

Две лица, татко и син се повредени при меѓусебна пресметка претпладнево во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопшти СВР Куманово.

– Денеска 10:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во општа болница Куманово, информираше СВР Куманово.

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од кумановската болница информираат дека едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на една од скопските клиники.

To top