Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе се преземаат засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија од овој сектор на МВР.
Во сооппштението се додава дека посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на подрачје на градот Струмицаза да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај.
Од полицијата апелираат до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.
-Во спротивно, за непочитување ќе се преземаат законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, стои во соопштението на СВР Струмица.