На 13.09.2024 во 12:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена.
Пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.