Денеска (25.12.2023) во 01.45 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско село, нејзиниот сопруг И.П.(45) физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка, по што ѝ се заканил со пиштол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.