Хроника возрасни учесници

Сообраќајна несреќа помеѓу 71 возач и 76 годишен велосипедист

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сообраќајна несреќа помеѓу 71 возач и 76 годишен велосипедист

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ и ул.„531“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.В.(71) од с.Бунарџик, скопско и велосипед управуван од Г.А.(76) од с.Марино, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, наведуваат во соопштението од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Најнови вести од Хроника

To top