На 27.09.2024 околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.