Хроника

Сообраќајка кај Липково, жена тешко повредена

Сообраќајка кај Липково, жена тешко повредена

На 14.12.2023 во 15.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, атар на с.Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.С.(50) од с.Отља, општина Липково и товарно моторно возило „форд“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(41) од с.Виштица, општина Липково, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

To top