Хроника Несреќа

Со возило удрил во метален столб – едно лице тешко повредено, возачот приведен

Возачот В.В. бил лишен од слобода.

Со возило удрил во метален столб – едно лице тешко повредено, возачот приведен

На 24.12.2023 во 18:42 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Р-1309, во близина на „Шумската куќичка“, В.В.(47) од с.Бање, кочанско, управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со кочански регистарски ознаки, удрил во метален столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(47) од Кочани, констатирани во Клиничка болница во Штип.

Возачот В.В. бил лишен од слобода.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани, а по целосно документирање на случајот против В.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top