На 22.08.2025 во 21:40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Р.(30) од с.Лера, битолско.
Тој се сомничи дека претходно во пекарница во Битола со остар предмет го нападнал и нанел повреди на И.Л.(25) од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, по што со употреба на сила ја внел во возило и неговата поранешна 23-годишна сопруга и физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.