Хроника СВР Тетово

Со автомобил удрил и повредил возач на тротинет, па избегал

Возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Со автомобил удрил и повредил возач на тротинет, па избегал

На 13.07.2024 во 22:55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,Браќа Миладинови”  во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото на настанот, и електричен тротинет управуван од А.Д.(25) од Тетово.

Возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

To top