Хроника

Скопјанка (83) измамена за 17.300 евра: Ја излажале дека внуката усмртила дете

Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена.

Скопјанка (83) измамена за 17.300 евра: Ја излажале дека внуката усмртила дете

На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 17.300 евра.

-Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало, информира МВР.

Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top