На 29.11.2025 во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.П.(46) од Скопје по претходна пријава дека на 28.11.2025 околу 20:00 часот во домот упатувал закани кон неговата мајка, а потоа со остар предмет упатувал закани и кон неговиот брат.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.