На 19.11.2024 во 23:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(54) од Скопје.
При претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.