Денеска (23.04.2024) во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Скопје, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир.
По приведувањето, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.