Хроника Семејно насилство

Си ги истепала детето и сопругот, приведена жена од Демир Капија

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Си ги истепала детето и сопругот, приведена жена од Демир Капија

Демиркапијка била приведена поради физички напад врз сопругот и детето, информираа денеска од СВР Велес.

-Вчера во 10.10 часот во Неготино, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К., на возраст од 34 години, од Демир Капија, затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56-годишен сопруг и нивното малолетно дете, појаснија од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top