Хроника се нижат прекршоци на спортски случувања

Шест лица за врeме на фудбалски натпревар скандирале со навредлива содржина

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Шест лица за врeме на фудбалски натпревар скандирале со навредлива содржина

Вчера на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести од Хроника

To top