Хроника полицијатијата со полни раце работа

Серија на апсења низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден, припадниците на полицијата направија повеќе апсења на терторија на Македонија.

Серија на апсења низ Македонија

На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во периодот од 19.30 до 21.30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2023 во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода К.И.(50) од с.Студеничани, скопско. Тој се сомничи дека околу 09.00 часот од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје. Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.12.2023 во 02.30 часот во близина на ноќен клуб во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.12.2023 околу 22.45 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.Л.(35) и Ј.П.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Г.Л. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(43) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 21.10 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 14.10 часот во село Пирок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане ги лишиле од слобода Ј.Ј.(18) од с.Добарце и Г.С.(37) од Тетово. При преглед кај нив и во возилото „фиат пунто“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај Ј.Ј била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, а кај Г.С. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 21.20 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.С.(32) од Гостивар затоа што при преглед во патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 20.40 часот во трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

To top