На 09.09.2024 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б.(38) од Тетово, затоа што во станот во кој престојува со неговата девојка на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со нејзиниот татко.
-Подоцна, неговата девојка пријавила дека во станот пронашла ќеса со таблети, кои му припаѓале на А.Б. Полициски службеници извршиле преглед во станот и ги одзеле таблетите, информира МВР.
А.Б. бил задржан во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.