На 25.02.2025 во 16.05 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.М.(41) од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава.
-Пријавата е дека околу 15.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово со неговото возило се обидел да го удри С.У.(64) од Тетово и неговиот малолетен внук, по што излегол од возилото, им се заканувал и се обидел физички да го нападне С.У., информираат од СВР Тетово.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.