На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид.
Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари.
Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.