На 05.10.2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош.
Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.