Хроника мвр

Пукање во Моране- едно лице со повреди пренесено во Градска болница

Пукање во Моране- едно лице со повреди пренесено во Градска болница

Едно лице повредено од огнено оружје попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидент се случил на влез во селото Моране.

– Денеска во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во селото Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од МВР.

To top