Хроника поднесена кривична пријава

Пронашол паричник, па со банкарска картичка си плаќал свои потреби

Пронашол паричник, па со банкарска картичка си плаќал свои потреби

ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

-Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

To top