На 14.02.2024 во 23:00 часот на подрачјетo на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(41) и В.С.(46), двајцата од Скопје.
Приведени се затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.