На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведен е А.Д.(32) од Охрид, кој претходно физички ги нападнал К.Л.(28) од Охрид и малолетничка од Македонски Брод.
Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.