Хроника

Приведено лице од Виница- упатувало закани и сакал да изврши напад со остар предмет

Приведено лице од Виница- упатувало закани и сакал да изврши напад со остар предмет

На 26.08.2024 во 19.25 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Н.(49) од Виница.

Според пријавеното, околу 17.15 часот во Виница тој им се заканувал на З.Ѓ.(36) и В.С., двајцата од Виница, по што се обидел со остар предмет да го нападне З.Ѓ..

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top