Хроника превезувал производи без документација

Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата

Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.

Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата

На 04.12.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од с.Черкези, кумановско.

Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.

Додека, при преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација.

Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top