Хроника мвр

Приведено лице кое е барано со централна потерница

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопштија од МВР.

Приведено лице кое е барано со централна потерница

Денеска (16.06.2024) во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(25) од с.Шишево.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопштија од МВР.

To top