На 03.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.П.(45) и М.А.(34), двајцата од Скопје и Ф.М.(23) од с.Љубин,скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.