На 25.09.2024 во 18:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош привеле седум малолетници од Скопје и скопско поради сомнение дека физички нападнале 17-годишник од Скопје.
Притоа, кај еден од малолетниците од с.Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.